Големо и супер засилување за Баерн – Стигнува моторот во средината на теренот за 40 милиончиња! (видео+фото)

Loading

Баерн Минхен на големо се засилува за следната сезона и ги победи бројните конкуренти за ова фудбалско име.

tolisso

Германскиот шампион договори супер засилување од Лион, а станува збор за играчот од средниот ред, Корентин Толисо.

Тој е еден од најбараните играчи во овој трансфер преоден рок.

Клубот од Алијанц Арената доби “зелено светло” за негов ангажман, а играчот бил близу до трансфер во италијанските клубови Јувентус, Милан и Интер.

Сепак, на крајот, се чини дека 22-годишниот французин ќе замине во Минхен, а Лион ќе заработи огромни 40 милиони евра.

И покрај што тој имаше договор до 2020 година, Толисо сака да го напушти клубот и да се бори со новиот клуб за трофеј, а кај Карло Анчелоти ќе му се укаже таа можност следната сезона.

corentin-tolisso

Играчот од средниот ред оваа сезона одигра 47 натпревари за ,,лавовите,, и постигна 14 гола, со 7 асистенции.

Запознајте го Корентин Толисо….