Галатасарај за Снајдер е минато, а Ница сегашност – Повторно ќе игра со Балотели (видео+фото)

Loading

33 годишниот холанѓанец Весли Снајдер стана нов играч на францускиот тим Ница.

Трансферот на Снајдер се реализираше откако му заврши договорот со Галатасарај и тој беше слободен играч на трансфер пазарот.

Снајдер веќе ги мина успешно медицинските прегледи. И Ница го потврди овој трансфер, Снајдер ќе го носи дресот со број „10“ во францускиот тим.

Преселбата на Холанѓанецот во Ница, значи дека Снајдер повторно ќе биде заедно со Балотели во ист тим, откако и двајцата беа дел од редовите на Интер под водство на Мурињо, од сезоната 2009/10.

Снајдер пристигна во Ница и ќе му биде на располагање на тренерот, Лисијен Фавреза за натпреварите против Наполи.

Ова ќе биде петти клуб во кариерата на Снајдер, по  Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај.

Ница преку Наполи ќе се обиде да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, што би било прв пат во нивната историја.

Првиот натпревар се игра под Везув на 16 август, додека реваншот е закажан за шест дена подоцна.