Франција-Хрватска и Аргентина-В.Британија двојки за 1/2 финалето во Дејвис купот!

Loading

Тениските репрезентации на Хрватска и Велика Британија изборија место во полуфиналето на Дејвис купот.

дејвис куп

Кајл Едмунд го победи Душан Лајовиќ со 3-1, по сетови 6:3; 6:4 и 7:6 и донесе недостижни 3-1 во четвртфиналната пресметка на Британија со Србија.

Хрватска пак со сензационален пресврт во Портланд и победа над домаќинот САД, се пласира во полуфиналето од Дејвис купот.

Американците иако водеа со 2-0 по првиот ден, сепак ги изгубија мечот во дубл и последните два сингл дуели и се елиминирани во четвртфиналето.

Претходно полуфинале во Дејвис Купот изборија Аргентина и Франција со победите од 3-1 против Италија, односно Чешка.

Британците кои ја бранат титулата во полуфиналето ќе играат против Аргентина, а во второто полуфинале ќе се сретнат Франција и Хрватска.

Мечевите од полуфиналето предвидено е да се играат од 16 до 18 септември.