ЕП 2015: Холандија ја изненади Грузија, Чешка, Германија и Полска со први победи!

Loading

Започна 39-тото Европско првенство во кошарка кое за првпат се игра во 4 држави и каде исто така за првпат во историјата има најголем број на НБА играчи.

EVROBASKET2015

До првите победи денеска на отворањето стигнаа репрезентациите на Холандија, Германија, Чешка и Полска.

Холандија направи изненадување и минимално ја победи Грузија во првиот меч во Групата Б со 73:72.

Холанѓаните во најголемиот дел од мечот ја одржуваа предноста меѓу 8 и 12 поени, а Грузија во последните 90 секунди влезе со предност од три поена предност, но со серијата технички грешки им дозволија на Холанѓаните да се вратат во мечот и да победат.

holandij1

Полска стигна до првата победа во А групата, откако славеше над ослабената репрезентација на БиХ со 68:64, а Германија, која е домаќин во Групата Б, со малку повеќе труд славеше над дебитантот Исланд со 71:65.

holandija

Во Д групата, која се игра во Рига, Летонија, Чешка ја декласираше Естонија со 80:57.

czeska