Доста е…Златан Ибрахимовиќ заминува во пензија!

Loading

Златан Ибрахимовиќ, по завршувањето на Европското првенство 2016 во Франција веќе нема да игра за репрезентацијата на Шведска.

ибрахимовиќ

,,Последниот мој натпревар на ЕУРО 2016 ќе значи крај на настапите во националниот дрес. Горд сум што бев капитен и кај и да одам ќе ја носам Шведска во срцето, изјави Ибрахимовиќ.

,,Имаме шанса и ќе направиме се да останеме на турнирот. Белгија има силен состав, важи за еден од фаворитите на турнирот, но и ние си имаме свои амбиции.

,,Јас не играв во посакуваната форма на првите две средби, ама ако добијам малку повеќе простор против Белгија, тогаш ќе биде подобро.

,,Точно е и тоа дека се уште немаме создадено вистинска шанса за гол, но ако упатиме удар во рамките на голот на Белгијците, ќе погодиме. Ќе имаме повеќе шанси во однос на средбата со Италија, изјави Ибра.

ибрахимовиќ шведска

Натпреварот Шведска-Белгија се игра вечерва од 21 часот во Ница и е во рамките на последното 3.коло од Е-групата.