Џоковиќ и Бекер ја раскинуваат соработката?

Loading

Новак Џоковиќ би можел да стави крај на својата соработка со тренерот Борис Бекер, легендарниот германски тенисер.

џоковиќ-бекер

Новак веќе наговести дека нема никакви планови за 2017 кога станува збор за соработката со Бекер, а се шпекулираа дека тие двајца ќе ја прекинат соработката.

Германскиот експерт не беше со Новак во Шангај, туку со него беше Марјан Вајда, чешкиот експерт.

Договорот истекува на крајот од оваа сезона, а соработката најверојатно нема да биде продолжена.

Наскоро очекуваме некој од нив двајцата да се изјасни по ова прашање.

џоковиќ-бекер1

Новак во повеќе наврати од 2014 година, кога започна да работи со Бекер, истакна дека тој многу му помогнал пред се на психолошки план и дека со него станал вистински шампион.