Џастин Гетлин со најдобро време во сезоната, во Јуџин истрча 9.88!

Loading

Американскиот спринтер Џастин Гетлин го оствати најдобриот резултат оваа сезона на 100 метри, на митингот од Дијамантската лига во Јуџин.

гетлин

Контроверзниот Американец патеката од 100 метри ја претрча за 9.88 секунди, победувајќи ги Асафа Пауел од Јамајка кој истрча 9.94 и американецот Тајсон Геј со време 9.98.

Поранешниот олимписки шампиони во Јуџин ја забележа втората победа сезонава во Дијамантската лига, со што го презеде водството го генералниот пласман.