full screen background image
Последни Вести

Дакар 2016 нема да се вози во Чиле поради штетите од поплавите

Ниту една етапа од релито Дакар 2016-та нема да се вози во Чиле, а тоа е поради уништениот предел каде се возеше оваа престижна трка по неодамнешните поплави.

dakar1

Чилеанските власти се вклучија во обновата и реконструкцијата на уништените подрачја, со цел да се оспособат за трката, но сепак се чини дека тоа е невозможно за 2016-та година.

Тамошната влада вели дека нивниот приоритет е да им се помогне на луѓето од северниот дел на земјата кои се најпогодени од поплавите, но сепак, Чиле не ја отфрли можноста да партиципира на релито Дакар во 2017-та година.

dakar12

Оваа земја стана дел од најпрестижното рели во светот во 2009-та година, а рутата за Дакар 2016-та се очекува организаторите да ја објават на 16-ти април.