Челзи го дели победа до нова титула во Премиер лигата

Loading

Синоќа Челзи како гостин славеше над Лестер со 3:1 во заостанатиот натпревар од 27.коло во англиската Премиерлига.

Leicester-City-v-Chelsea

Со оваа победа Челзи е на чекор до шампионската титула, која може да ја обезбеди веќе в недела против Кристал Палас.

‘Сините’ последната титула ја освоија во 2010 година.

Челзи против Лестер до триумфот стигна со пресврт откако домашниот тим по првиот дел водеше го голот на Олбрајт.

Головите за победа на ‘сините’ во второто полувреме ги постигнаа Дрогба, Тери и Рамирес.