Бизнис трка за македонските компании

Loading

Скопје и Македонија конечно добиваат тимбилдинг трка, наменета за тимови составени од вработени во македонските компании.

бизнис трка

На 16 октомври во Скопје ќе се одржи Business Run 2016, штафетна трка за тимови од бизнис секторот, како одговор на позитивниот тренд на практикување трчање на современите деловни луѓе.

Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите.

Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипло-матски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk.

Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.

За сите учесници на трката, претходно се организира нетворкинг забава за запознавање и дружење, која иницирана од трчањето може да донесе нови деловни релации за бизнис за-едницата во нашата земја.

На денот на трката секој учесник може да дојде со своите најмили и семејството бидејќи по-крај неопходната поддршка и навивање, за најмалите е предвидена детска трка и рекреа-ција во реквизитите на детското катче.

Најбрзите три тимови на Business Run 2016 ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компани-ите, но и помеѓу вработените и нивните семејства.

Целта на оваа штафетна трка е да се по-каже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни парт-нери.

Организатор на Business Run 2016 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.