full screen background image
Последни Вести

Арсенал и Венгер на Маракана – Што мисли тренерот на Арсенал за Ц.Звезда (видео+фото)

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека верува во неговиот тим на претстојниот натпревар против Црвена Ѕвезда.

Натпреварот е од 3.коло од Лигата на Европа во рамките на групата Х, а Венгер тренира на Маракана.

Венгер верува дека ,,Топџиите,, ќе пружат добра игра и покрај големите критики.

“Знаеме кои сме и покрај критиките. Имаме шест победи и еден нерешен резултат на последните седум натпревари. Ова е модерен фудбал и сето тоа е составен дел од него. Ги сакам моите играчи, верувам во нив”, изјави Венгер во Белград.

Венгер беше прашан, дали со натпреварувањето во Лигата на Европа го вози патот до Лигата на шампионите? Венгер изјави дека не размислува за тоа.

”Секој натпревар е подеднакво важен и во секој се бориме за трофеј. Секаде се обидуваме да дадеме се од себе,” изјави Венгер.

На стадионот “Рајко Митиќ” се очекува пеколна атмосфера. На трибините ќе има повеќе од 50.000 гледачи.

“Поддршката е секогаш нешто позитивно, и сигурно за секој тим ќе биде дополнителен импулс.

”Ние се носиме и справуваме со тоа секоја недела во Англија, а имаме и големо искуство во Лигата на шампионите. Јас не мислам дека атмосферата на стадионот негативно ќе се одрази на нас.

“Ние сме во земјата која има голема традиција. Го сака спортот и фудбалот и има богата историја и создале многу големи играчи”, заврши Венгер.

Натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Арсенал се игра вечерва од 19:00 часот.