ЖРК Вардар и следната сезона со Андреа Лекиќ во составот!

Loading

Српската ракометарка Андреа Лекиќ и следната сезона ќе ја гледаме во дресот на ЖРК Вардар.

lekic

Лекиќ и македонскиот шампион ги договорија условите за продолжување на соработката според кој најмалку до јуни 2017 година Лекиќ ќе остане во Вардар.

ПА така ЖРК Вардар го заокружи задржувањето на костурот на тимот кој и во следната сезона ќе биде уште посилен, а новиот договорот е потпишан на една сезона, со можност истиот да биде продолжен за уште најмалку една.

Лекиќ е една од предводничките на Вардар кој последниве години е во самиот европски врв, па затоа сметаа дека нејзиното останување ќе значи и поголем квалитет на тимот.

„Можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка.

,,Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Андреа Лекиќ беше меѓу првите интернационалки кои дојдоа во Вардар, и како дел од нашиот тим веќе двапати играше на Ф4 турнирот во Будимпешта, каде го освои бронзениот медал.