Видео: Лидерот конечно киксна… Јувентус запрен од Болоња!

Loading

Во италијанската Серија А се одигра првиот натпревар од 26.коло, каде на стадионот Ренато Да Лара, фудбалерите на Болоња ја прекинаа неверојатната победничка серија на лидерот Јувентус, играјќи 0-0.

bol-juv

Болоња ја прекина серијата на Јувентус од 15 победи по ред, која започна на 28.октомври минатата година, но и покрај тоа Јувентус барем до понеделник ќе остане лидер на табелата со 58 бодови.

Можност да се врати на чело на табелата има Наполи, кој в понеделник во дербито на лигата ќе го пречека Милан.

ИНСЕРТИ од мечот Болоња-Јувентус…