Видео: Бостон го доби дербито со Њујорк, победи на Хјустон, Лејкерс, Торонто и Портланд

Loading

Во НБА лигата се одиграа 5 натпревари.

melo

Бостон како гостин го совлада Њујорк со 97:89. Најзаслужен за триумфот на Бостон беше Ајзеа Томас, со 20 поени, 8 асистенции и 5 скока. Зелер додаде 16 поени и 10 скока, а Краудер 16 поени и 5 освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим Арон Афало беше стрелец на 17 поени, Робин Лопез имаше 17 поени и 13 скока додека Кармело Ентони впиша 16 поени и 14 скока.

Лејкерс славеше над Минесота со 119:115, а мечот беше решен во вториот период кога домаќинот ја обезбеди клучната предност за конечен триумф.

Коби Брајант постигна 38 поени, Лу Вилијамс 20, а Кларксон 16 поени кај Лејкерси, додека кај Минесота прв стрелец со 30 поени беше Ендрју Вигинс.

Во останатите средби Хјустон го совлада Мајами со 115:102, Торонто како гостин забележа победа од 104:97 против Феникс, а Портланд триумфираше над Милвоки со 107:95 за 5-та победа по ред на Блејзери.

За вечерва во НБА лигата предвидени се 11 натпревари.