Семејството поважно од кариерата… Питлик го напушта ЖРК Вардар!

Loading

Консултантот во женската екипа на Вардар, трофејниот дански тренер Јан Питлик, по завршување на оваа сезона се враќа во својата земја каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера.

pitlik1

Тој го напушта нашиот шампион поради семејни причини, а Питлик побара да биде ослободен од договорот што го обврзуваше да остане во Скопје најмалку до летото 2017 година. Клубот му излезе во пресрет на барањата, овозможувајќи му на Питлик да биде заедно со семејството.

Според договорот за соработка, Питлик треба да помогне во подготовка на екипата за настапот во Лигата на шампионите, со оглед на големото искуство што го има од водењето на репрезентацијата на Данска. Питлик беше селектор на женската репрезентација на Данска од 1998 до 2006 година, а потоа од 2007 до 2014. Во негово време Данките двапати беа олимписки првенки во 2000 и 2004 година. По ЕП во 2014 година заврши и неговата соработка со Данска. Со репрезентацијата на Данска освои и злато на ЕП 2002, и две сребра на ЕП 1998 и ЕП 2004. Дел од тоа искуство пренесе, и се уште го пренесува и во Вардар.

„Пред една недела им кажав на луѓето во клубот дека мора да си одам по оваа сезона. Беше тоа многу тажен ден за мене зашто сум многу среќен овде, ова е голем клуб, еден од најголемите во Европа. Многу сум среќен овде, но морам да си одам заради моето семејство. Кога дојдов лани во февруари имавме договор да работам и да бидам сам, до лето, а потоа да го доведам и моето семејство. Секогаш е полесно кога го имате семејството покрај себе. Меѓутоа моето семејство сега има некои проблеми и не може да дојде и затоа морав да го направам овој избор и да се вратам во Данска. Да беше само до крајот на сезонава немаше да биде проблем, меѓутоа мојот договор е уште една сезона и тоа е премногу. Морам да бидам близу до моето семејство.
За време на Божиќ разговаравме со мојата сопруга, баравме решение, но невозможно е. Тогаш луѓето од клубот ги замолив да ми дозволат да си заминам пред да ми заврши договорот, бидејќи имам уште една сезона. Тие ми рекоа дека ме разбираат и дека ќе ми дозволат да заминам“, вели Јан Питлик.

pitlik

И покрај заминувањето од Скопје на крајот од сезонава, за Питлик главната цел останува иста и во оваа натпреварувачка сезонава. Лани со екипата стигна до Ф4 турнирот во Будимпешта, и го освоивме третото место. Кога малкумина веруваа, Вардар во четврт-финалето го елиминираше Ѓер, и се пласираше на Ф4 турнирот. Сега клубот е во Главната фаза и се бори з авлез во четврт-финале.

„Мојата цел, уште кога дојдов овде, беше да ја освојам Лигата на шампионите и остана така. Јас и Индира ќе работиме напорно да го оствариме тоа. Мислам дека имаме добар микс. Јас донесов скандинавска култура, но истовремено сум отворен за балканската култура, бидејќи мислам дека има толку многу добри нешта во вашата култура. Така што јас и Индира се обидуваме да направиме микс и тоа функционира. Знаете, јас дојдов овде како консултант, а Индира е шефот и јас го почитувам тоа. Во првите два месеца баравме начини, се адаптиравме и сега одлично функционираме. Всушност, тоа ме прави уште потажен бидејќи сега функционираме многу добро, а јас морам да си одам. Тоа е штета и за мене и за Индира и за клубот“, потенцираше Питлик во изјавата објавена на веб порталот на ЖРК Вардар.