Само европски репрезентации останаа во 1/4 финалето на СП во ракомет за жени

Loading

На СП во ракомет за жени што се игра во Данска познати се сите четвртфиналисти, па практично завршницата на СП ќе биде како ЕП, бидејќи сите земји се од Европа.

handball11

По Романија, Холандија, Данска и Норвешка, им се приклучија и Франција, Полска, Русија и Црна. Русија и Црна Гора како последни изборија пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Русија ја совлада Јужна Кореја со 30:25, додека Црна Гора беше убедлива во дуелот со Ангола со 38:28.

Во првите два натпревара Франција ја победи Шпанија со гол во последната секунда за 22:21, а Полска беше подобра од Унгарија со 24:23.

handball1

На шампионатот вчера беше слободен ден, а четвртфиналните дуели се играат денеска каде се среќаваат Данска-Романија, Холандија-Франција, Норвешка-Црна Гора и Полска-Русија.