Николас Иваноф победи во „лудото“ отворање на новата 2016 сезона во Red Bull Air Race!

Loading

Почетокот на новата сезона од светското првенство Red Bull Air Race ги измеша очекувањата, па фаворитот финишираше на деветто место, а досега последниот на табелата го освои својот прв подиум финиш, а оваа сезона би требало да биде најжестока што некогаш се одржала.

P-20160312-00393_News

Првата трка од новата сезона на светското првенство Red Bull Air Race беше пожешко од очекуваното, покрај високите температури кои беа присутни во Абу Даби, пред се бидејќи Николас Иваноф блесна на патеката од 25-метарските воздушни порти, летајќи до победата низ изедначената и подеднакво одушевувачка конкуренција.

Тој се стекна со предност во битката за титулата која очигледно ќе биде жестока, славејќи со предност од една десетинка на секундата пред Германецот Матијас Долдерер.

Французинот Франсоа Ле Вот ја започнува својата втора сезона, а беше рангиран на 14 место, го забележа првиот пласман на подиумот со освојување на третото место.

 P-20160312-00357_News

Со пензионирањето на ланскиот светски првак, Пол Боном, битката за титулата во најбрзиот спорт на светот ќе биде отворена за секого, а трката започна.

Имаше многу шокантни ситуации, па така најголемиот фаворит Мат Хол, кој лани беше второпласиран, погоди една воздушна кула на почетокот и не можеше да продолжи во втората рунда, што му се случува само по трет пат во кариерата.

Уште еден врвен пилот, светскиот првак од 2008 година, Ханс Арх, леташе брилијантно во првите дуели, но беше елиминиран во последната меѓу четиримината најдобри, бидејќи ја „прегазил“ безбедносната линија, па уследи дисквалификација и доделување на 0 поени.

P-20160312-00437_News

 Кампањата за титулата ќе се одвива низ уште седум трки во шест земји (две има во САД), а Николас Иваноф сега е лидер на табелата.

 – Предлагам да ја завршиме сезоната сега,- се пошегува пилотот. – Всушност ние работевме напорно и трениравме, па не бев под стрес за оваа трка, иако знаев дека треба да бидеме внимателни. Среќен сум за мојот тим и за моите навивачи!

 Следната трка се вози во Австрија, на автодромот Red Bull Ring, на 23 и 24 април.

 Табела: 1. Иваноф 15 поени, 2. Долдерер 12 поени, 3. Ле Вот 9 поени, 4. Чемблис 6 поени, 5. Гулијан 5 поени, 6. МекЛиод 4 поени, 7. Муроја 3 поени, 8. Хол 2 поени, 9. Веларде 1 поен.