Натпреварот Виљем 2 – Утрехт бил наместен!

Loading

Фудбалскиот сојуз на Холандија потврди дека првенствениот натпревар помеѓу Вилем и Утрехт, одигран во 2009 година, бил наместен.

willem-utr1

Фудбалерот на Виљем Ибрахим Каргбо, со еден државјанин на Сингапур, договорил неговиот тим да загуби, но според објавената преписка помеѓу Каргбо и Вилсон Раџ Перумал, играчот и уште двајца негови соиграчи ќе добијат по 25.000 евра, доколку нивниот тим загуби со повеќе од два гола.

willem-utr

Сепак на крајот Виљем, на 9.август 2009 година, загубил со 1:0, па ниту фудбалерот од Сиера Леоне, ниту неговите соиграчи на ги добиле парите.

Во ваквите работи лесно се влегува, ама тешко се излегува!