Македонија ги дозна противниците во тенискиот Дејвис куп!

Loading

Тениската репрезентација на Македонија ги дозна имињата на противниците, против кои ќе се натпреварува во Третата Европска зона во тенискиот Дејвис куп.

davis-cup-1410431015

Домаќин на турнирот е Талин, Естонија, а Македонија во Б групата ќе игра против Ирска, Ерменија и Албанија, каде преку овој турнир ќе се обиде да избори пласман во Втората Евро-африканска зона.

На турнирот во Талин учествуваат 15 репрезентации, Азербејџан се повлече непосредно пред жрепката, а тие се поделени во четири групи, каде пласман во полуфиналето ќе изборат победниците во правата фаза.

Македонската тениска репрезентација во Талин е во состав: Дејан Маринковиќ (капитен), Димитар Грабул, Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

Првиот натпревар го играме против домаќинот Естонија.