Кој избори пласман во 1/8 финалето во Лига Европа?!

Loading

Синоќа се комплетираше списокот на сите патници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа.
finale LE 2016
Меѓу 16-те тима кои ќе продолжат понатаму ќе ги нема Наполи, кој беше елиминиран од Виљареал, Порто, кој и по втор пат загуби од Борусија Дортмунд, како и Фиорентина, која на гостувањето во Лондон кај Тотенхем загуби убедливо со 3-0.

Пласман во 1/8 финалето обезбедија: Брага, Фенербахче, Ливерпул, Лацио, Баер Леверкузен, Спарта Прага, Атлетик Билбао, Шахтјор Донецк, Валенсија, Базел, Виљареал, Олимпијакос, Севиља, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Резултати реваншите од 1/16-финалето:

Брага-Сион 1:1 (2:1 прв натпревар)
Локомотив Москва-Фенербахче 1:1 (0:2)
Баер Леверкузен-Спортинг Лисабон 3:1 (1:0)
Краснодар-Спарта Прага 0:3 (0:1)
Лацио-Галатасарај 3:1 (1:1)
Ливерпул-Аугсбург 1:0 (0:0)
Атлетик Билбао-Олимпик Марсеј 3:1 (1:0)
Шалке-Шахтјор 0:3 (0:0)
Рапид Виена-Валенсија 0:4 (0:6)
Базел-Сент Етијен 2:1 (2:3)
Наполи-Виљареал 1:1 (0:1)
Олимпијакос-Андерлехт 1:0 (0:1)
Молде-Севиља 1:0 (0:3)
Манчестер Јунајтед-Митјиланд 5:1 (1:2)
Порто-Борусија Дортмунд 0:1 (0:2)
Тотенхем-Фиорентина 3:0 (1:1)

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи денеска, а натпреварите ќе се играат на 10 март, додека реваншите се на 17 март.