21 година од загинувањето на Аиртон Сена во Имола

Loading

На денешен ден 1 мај пред 21 година загина легендарниот возач во Ф-1 шампионатот бразилецот Аиртон Сена.

ayrton-senna

34-годишниот Сена удри со брзина од 300 километри на патеката во Имола, Сан Марино и тоа само еден ден откако загина Австриецот Раценбергер, трагедија која остави големи траги врз формула 1 натпреварувањето.

Неговата смрт остави многу отворени прашања, но во голема мера ја зголеми безбедноста во Формула 1, каде што дефинитивно се брои друга ера по трагичната Имола.

Аиртон Сена беше идол на многумина, често етикетиран како најдобар возач на сите времиња, посветен на својата работа до фанатизам, а на неговиот погреб во Сао Паоло, се појавија 2 милиона луѓе во посмртната поворка.

Фудбалската репрезентацијата на Бразил му ја посвети освоената светска титула во фудбал истата година на Мундјалот во САД.

Легендарниот Сена во својата кариера победи на 41 трка, уште 39 пати се најде на подиумот, освои 3 шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на влажни патеки поради што и го доби прекарот „Дождовниот човек“.